Францускиот напаѓач Оливие Жиру со своите голови му помага на Милан во борбата за Скудетото, откако пристигна на „Сан Сиро“ минатото лето за само еден милион евра од Челси.

Жиру сезонава постигна девет гола на 26 настапи за „росонерите“, а во текот на кариерата играше за Челси, Арсенал, Монпелје и неколку други француски тимови, а сега во интервју откри тајна која ја чувал 11 години.

„Носам наочари од 2011 година, еве ви признавам за првпат во мојот живот. Во првата сезона со Монпелје немав наочари, по што бев на преглед и ме прашаа како постигнувам голови со толку лош вид, по што ми препорачаа леќи“, вели Жиру.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.