Поранешниот член на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Давор Здравковски е нов фудбалер на Мадервил, соопшти денеска шкотскиот прволигаш.
Дваесетипетгодишниот играч од средниот ред се сели во шкотската Премиер лига од редовите на кипарскиот прволигаш АЕЛ во чиј редови настапуваше последните шест сезони.
Шкотскиот прволигаш соопшти дека Здравковски потпишал двегодишен договор и во клубот од „Фир Парк“ ќе го носи дресот со бројот 17.
„Ова е нова страница и нов предизвик за мене. Со нетрпение очекувам да почнам со напорна работа и ќе го дадам најдоброто од себе за да им донесам радост на навивачите“, порача во изјава за клупскиот сајт Здравковски, кој од 2015 до 2017 година го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров, а за македонската репрезентација до 21 година одигра 25 натпревари.
Здравковски е вториот Македонец кој следната сезона ќе настапува во шкотското првенство, приклучувајќи му се на репрезентативниот напаѓач Бојан Миовски од Абердин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.