Директорот на германската репрезентација, Руди Фелер за „Газета дело спорт“ зборуваше за претстојното УЕФА ЕУРО 2024 година. Поранешниот напаѓач нема дилема кога е во прашање кој е прв фаворит на натпреварувањето.

-За мене Франција е фаворит. Дури и кога не играат добро, го имаат убедливо најсилниот тим. Нивниот состав е неверојатен, изјави Фелер.

Во групата селекции кои ќе се борат за највисок пласман ги стави Германија и Италија.

-Заедно со нас, Италија, има уште неколку селекции кои можат да играат со секого. Пред се, тука се Холандија, Англија, Португалија, Шпанија и очекувам Хрватска и Австрија да направат изненадувања, изјави тој.

„Лисицата“ истакна дека секогаш е тешко да се игра против Италија и дека не би сакал да ги има за ривал во осминафиналето, што потенцијално би можело да се случи.

-Најважно е да ја поминеме групата, што е прва цел. Со сета почит кон нашите ривали, ќе се стремиме да бидеме први во групата. Од натпреварот со Шкотска сакаме да ја истакнеме таа желба со помош на навивачите, заврши Фелер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.