Англиската фудбалска федерација (ФА) го казни премиерлигашот Вулверхемптон со 100.000 фунти поради хомофобично скандирање на дел од навивачите за време на првенствениот натпревар против Челзи кој се одигра во април.

Казната на Вулверхемптон му ја изрече независна регулаторна комисија која ја формираше ФА, откако клубот призна дека негови навивачи се однесувале недолично во два наврати на дуелот против Челзи.

Инцидентите на тој натпревар, одигран на 8 април, се случиле во 61 и 71 минута.

Вулверхемптон по натпреварот го осуди однесувањето на своите навивачи, но ќе мора да преземе натамошни чекори со цел да спречи во иднина слични инциденти, како дел од инструкциите што ги даде независната комисија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.