Околу 250 полски ултрас-навивачи на Легија Гдањск денеска се во Скопје за реванш натпреварот против Академија Пандев од квалификациите за Конференциската лига. првиот меч заврши со победа на полскиот тим од 4:1.
Натпреварот се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на комплексот на ФФМ со почеток од 17 часот, а полските навивачи најавија дека од центарот на Скопје во група и пешки ќе се движат до стадионот во Ново Лисиче.
Македонската полиција денеска се очекува да има полни раце работа со обезбедувањето на протестот пред Собранието на Македонија каде е закажана седницата за францускиот предлог, а гостинка ќе биде и претседателката на Европската комисија на ЕУ, Урсула фон дер Лајен.
Протестите пред Собрание се закажани за 12 часот, а неколку десетици метри подалеку се собираат преку 200 полски ултрас навивачи, кои во сопствена режија допатуваа во Скопје.
Лесна околност за македонската полиција е фактот што Академија Пандев нема организирана група навивачи, па нема да има инциденти меѓу навивачки групи, но полските навивачи многупати покажале дека не им се потребни противнички фанови за да направат нереди.
Мечот во Полска меѓу Лехија и Академија Пандев беше во прекин половина час затоа што навивачите на полскиот тим меѓусебно се тепаа на трибините.
Нивниот марш кон тренинг центарот „Петар Милошевски“ и нивното присуство на стадионот мора да биде обезбедувано од специјалните сили на македонската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.