Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн го сподели своето мислење за тренерот на тимот Антонио Конте.

– Го имаме еден од најдобрите тренери во светот. Во последните неколку години клубот не ги достигна височините што ги посакуваше. Сега имаме одлична можност да го искористиме тоа што го имаме Конте. Антонио е тренер кој бара многу. Тој дава максимум. Ние многу добро реагираме на тоа. Сите во Тотенхем сакаме успех и работиме напорно, изјави Кејн за „Sky Sports“.

Тотенхем во моментов се наоѓа на 6. место во Премиер лигата со 36 бодови од 19 натпревари.

Денес од 17:30 часот Тотенхем ќе се соочи со градскиот ривал Челзи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.