Со натпреварите од воведното коло овој викенд почнува новата, 33 по ред, сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Актуелниот шампион Струга Трим Љум одбраната на титула ја стартува против Тиквеш на домашен терен.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар во воведното голо на гостински терен ќе игра против Академија Пандев Брера.
Во првата рунда од новата сезона во ПМФЛ ќе се сретнат уште Беса – Шкендија, Пелистер – Гостивар, Шкупи – Воска Спорт и Работнички – Силекс.
Сите натпревари од воведното коло на програмата се в недела од 17 часот, со исклучок на дуелот во Струмица кој е закажан со почеток во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.