Велика Британија и Република Ирска се единствени кандидати за организација на Европското фудбалско првенство во 2028 година, откако Турција ја повлече својата кандидатура, јавија денеска англиските медиуми.
Телевизијата Скај Спорт објави дека Турција се приклучила кон заедничка кандидатура со Италија за домаќини на ЕУРО2032, и затоа е повлечена турската кандидатура за организација на завршниот турнир во 2028.
УЕФА ќе ја донесе одлуката за домаќините на ЕУРО 2028 и 2032 на 10 октомври.
Турција годинава беше домаќин на финалето во Лигата на шампиони меѓу Манчестер сити и Интер, но досега не организирала Европско или Светско првенство.
Од друга страна, Италија два пати беше домаќин на континенталното натпреварување (1968 и 1980), а Рим, исто така, беше еден од градовите домаќини на ЕУРО2020.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.