Оливера Ќирковиќ, поранешна кошаркарка и членка на организираната криминална група „Пинк Пантер“ беше во грчките затвори и за хрватските медиуми проговори за тоа што ги очекува навивачите на Динамо од Загреб.

По веста дека 105 хрватски навивачи останаа зад решетки по убиството на навивачите во Грција, беше објавено и како изгледаат тие затвори како на пример Коридалос кој важи за најстрашен

Хрватските навивачи се пожалија на условите, а и меѓународните институции ги оценуваат како многу лоши. Во вакви затвори била и Оливера Ќирковиќ, поранешна членка на организираната криминална група „Пинк Пантер“, која за „РТЛ“ откри за што се работи бидејќи во нив поминала осум години.

 

„Тоа што Грција е во Европската Унија, за хрватскиот народ да не се надева дека тоа е ЕУ. Сè оди бавно, истрагата е многу бавна и лигава и фактот дека нема докази дека тие се не претерано надежно, во грчките судови лесно можеш да бидеш осуден без докази, а во друг суд има шанси да се намалат казните.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.