Селекторот на Италија, Лучано Спалети е заинтересиран неговата екипа да продолжи со успешната серија во Лигата на нации, која започна со победи над Франција и Израел во септември.
Вечерва „азурите“ ја пречекуваат екипата на Белгија.
-Треба да го продолжиме она што го започнавме во септември. Значи мора да победиме против Белгија, иако нема да биде воопшто лесно. Ги видов играчите во многу добра форма. Можам да кажам дека веќе имам многу интересен состав. Сите покажуваат неверојатна енергија и сакаат да бидат на врвно ниво, го коментираше Спалети пред заминувањето на тимот од базата во Коверчиано во Рим, каде утре ќе се игра натпреварот на „Олимпико“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.