Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, по ремито во мечот од 1. коло од Премиер лигата со Тотенхем (1:1), го сподели своето мислење за неговата игра на 37 години.

– Верувам дека годините се само бројка. Се додека јас и моите нозе се чувствуваме добро, ќе играм. Имаме тим кој во добар ден може да натера секого да трча, изјави Варди за „Би-би-си“.

Тој го постигна единствениот гол на синоќешниот натпревар со Тотенхем.

Во 2. коло од Премиер лигата, Тотенхем на 24 август ќе му гостува на Евертон. Лестер на овој ден ќе игра на гости кај Фулам



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.