Раководството на англиската фудбалска Премиерлига ќе отвори специјален профил на социјалните мрежи, на кој во реално време ќе објавува објаснувања поврзани со одлуките на ВАР технологијата за време на натпреварите.
Судиските одлуки во ВАР-собите во минатото предизвикаа бројни негативни реакции, а имаше дури и иницијатива од Вулверхемптон за укинување на ВАР технологијата, но со мнозинска одлука на клубовите во јуни беше одлучено ВАР да остане во употреба. Со одлуката на
Премиерлигата за лансирање специјален профил на социјалните мрежи на кој ќе се објаснуваат одлуките поврзани со ВАР технологијата, раководството на Лигата се надева дека ќе ја намали фрустрацијата на дел од навивачите.
„Центарот за натпревари во Премиер лигата ќе се потпира на нашите социјални медиуми за да објавува објаснувања за одлуките на ВАР што е можно побрзо“, соопштија од Премиер лигата.
Сите објаснувања за ВАР одлуките во Премиер лигата во претстојната сезона треба да бидат достапни на социјалната мрежа Икс, како и на профилот@PLMatchCentre.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.