Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Касемиро може да го пропушти осминафиналето од Лигата на Европа против Бетис, објави ЕСПН.

 

Според изворот, 31-годишниот фудбалер се повреди на натпреварот од 26. коло од Премиер лигата против Ливерпул (0:7). Клубот ќе ја процени состојбата на играчот од средниот ред пред натпреварот.

 

Касемиро оваа сезона забележа 35 настапи за Манчестер јунајтед, постигна пет гола и пет асистенции.

 

Манчестер јунајтед – Реал Бетис ќе се одиграат на 9 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.