Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, верува дека најдобриот фудбалер на тимот, Килијан Мбапе може да се премисли и да остане.

-Сè уште се надевам дека Килијан ќе се премисли по најавеното заминување. Да замислиме дека ги освоивме сите четири трофеи оваа сезона и Килијан во последен момент донесе одлука дека припаѓа во Париз. Зошто да не? Ќе видиме, изјави Енрике за „Goal“.

Претходно беше објавено дека 25-годишниот напаѓач одбил бонус за лојалност од 80 милиони евра. Мбапе изјави и дека ќе ја објави својата иднина пред почетокот на Евро 2024 година. Турнирот ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.

Медиумите пишуваа дека фудбалерот на лето ќе стане играч на Реал Мадрид.

Оваа сезона Мбапе одигра 37 натпревари за ПСЖ, постигнувајќи 38 гола и осум асистенции. Неговиот договор со клубот завршува летото 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.