Фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали, кој претходно настапуваше за Милан, призна дека се обложувал на фудбалски натпревари, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.

Според зборовите на 23-годишниот Италијанец, тој ставал облози на натпреварите на Милан, но само на победата на неговиот тим во тие средби кога не бил на теренот.

Доколку се потврдат зборовите на Тонали, тој се соочува со едногодишна суспензија од Премиер лигата.

На 12 октомври се дозна дека Тонали и неговиот италијански репрезентативен партнер Николо Заниоло може да бидат обвинети за нелегално обложување на фудбалски натпревари. Италијанските медиуми објавија дека Тонали планира да се лекува од зависност од коцкање.

Италијанскиот репрезентативен играч за врска играше за Милан од 2020 до 2023 година. Во летниот преоден рок тој се пресели во Њукасл



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.