– Њукасл има намера да го тужи Милан поради суспензијата која многу веројатно ќе ја добие Сандро Тонали поради обложување.
Фудбалерот од средниот ред на Њукасл најверојатно ќе добие 10 месеци суспензија од фудбалот. Тој ќе го пропушти остатокот од сезоната во Премиер лигата и нема да игра на Евро 2024 доколку Италија стигне таму.
Англискиот клуб се закани дека ќе поднесе тужба за неколку милиони евра кога ќе стапи на сила забраната за италијанскиот репрезентативец, пренесува „Football Italia“.
Во Њукасл се бесни што платија 64 милиони евра за Тонали во јули, а нема да можат да го користат до крајот на сезоната.
Премиерлигашот исто така нема да ја исплати платата на играчот за време на суспензијата. Тонали добива околу осум милиони евра нето по сезона
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.