Фудбалерот на Баерн, Томас Милер објави дека се повлекува од германската репрезентација. Тој рече дека ја почувствувал љубовта на навивачите кога го крена трофејот од Светското првенство.
– Отсекогаш сум бил многу горд што играм за мојата земја. Заедно славевме, заедно леевме солзи. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи и репрезентативци. Ви благодариме за овие години, рече Мулер на својот канал на „YouTube“.
Триесет и четиригодишниот Милер за националниот тим игра од 2010 година, одигра 131 натпревар и постигна 45 голови. Фудбалерот учествуваше на четири европски и четири светски првенства.
Во 2014 година заедно со Германија го освои светскиот шампионат.
На Евро 2024, репрезентацијата на Германија загуби од Шпанија (1:2) во четвртфиналната фаза
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.