Англија е вториот финалист на Европското фудбалско првенство, откако синоќа во Дортмунд ја совлада Холандија со 2-1 (1-1) и в недела во битка за титулата ќе игра против Шпанија.
Англичаните го обезбедија пласманот во финалето со пресврт и гол во самиот финиш на натпреварот во Дортмунд.
Холандија дојде во рано водство со голот на Симонс во 7 минута, а Кејн го израмни резултатот во 18 минута од пенал.
Кога се очекуваше регуларниот дел од второто полуфинале да заврши без победник, Воткинс во првата минута од судиското продолжение ѝ донесе победа на Англија и пласман во финалето.
Натпреварот за титулата на ЕВРО2024 меѓу Шпанија и Англија ќе се игра в недела на Олимпискиот стадион во Берлин со почеток во 21 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.