Фудбалерот на Челзи, Тиаго Силва, стави вечерва потпис на нов едногодишен договор со лондонскиот премиерлигаш, до крајот на сезоната 2022/23.
Триесетиседумгодишниот бразилски дефанзивец дојде во Челзи минатото лето, откако му истече договорот со ПСЖ.
– Вистинско задоволство е да се игра за Челзи. Никогаш не мислев дека ќе останам три години во овој прекрасен клуб, но многу сум среќен поради тоа. Ќе дадам сè од себе да продолжам да играм на ова ниво во најважната лига во светот, изјави Силва.
Тој сезонава запиша 22 настапи за тимот предводен од Томас Тухел и постигна два гола, а додаде и две асистенции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.