– Капитенот на Барселона Марк-Андре Тер Штеген прв пат по цели 12 години повторно ќе застане на голот на Германија на саботниот натпревар против Унгарија во Лигата на нации во Дизелдорф.
„Ова е мелем за моето срце“, рече Тер Штеген во четвртокот, кого германскиот селектор Јулијан
Нагелсман го потврди како голман број еден по 12Т години чекање во сенката на Мануел Ноер.
Ноер одлучи да се повлече од меѓународниот фудбал на крајот на август на 38-годишна возраст и конечно да му ги предаде ракавиците на Тер Штеген, кој на 32 – годишна возраст зад себе има само 40 натпревари за германската репрезентација, наспроти 124, на Ноер.
Пристигнувајќи во Каталонија во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, Тер Штеген ја освои Лигата на шампиони во 2015 година, како и пет титули во Ла Лига и пет шпански купови со Барселона
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.