Лионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона. Неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува во јуни .Шпанска „Марка“ пишува дека саудискиот Ал Хилал е подготвен да потроши дури 220 милиони евра за потписот на Аргентинецот!
Планот на Арапите е да го обноват ривалството Меси-Роналдо, но најпопуларниот клуб во земјата одлучи да го надмине договорот со големиот ривал Ал Наср и да го направи Аргентинецот најплатен во светот.
Дека работата е сериозна говори и фактот што минатиот викенд во Ријад бил забележан таткото на Меси, Хорхе, што само ги подгрева преговорите меѓу двете страни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.