Гледате, тренерот нема да се откаже. Ќе оди на повисок пораз со Италија. Време е на рекорди, пишува актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил.

Наместо уште вечерва цело раководство на федерацијата со селекторот да дадат оставки, ништо. Они нису из одавде. Со Украина 1 у 2, со Англија 7 плус. Лепота. Ние ќе лапаме бумбари.

На овие у федерацијата функциите им се воен плен од 2001 што би рекол Груби. Така?

На кого му водите инает? На јавноста? На навивачите?

Мора да ја уништите репрезентацијата? Тоа е наредба од кого? Сите легендарни македонски клубови играат во втора лига.

Каде сте бе спортски новинари да побарате оставки. Да гукневте? Да ги направите пичвајз?

Што ќе фали Пандев ако биде претседател на федерацијата?

Или Панчев? ЈаНевски? Најдовски?

Видов статистика. Без шут на противничкиот гол.

Фк Ропотово да играше може еднаш ќе шутнеа на гол.

Ова е блам за сите.

Марш од федерацијата копита.. а ти Милевски оставка до сабајле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.