Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел изрази надеж дека повредата на Хари Кејн не е сериозна. Напаѓачот ја погоди стативата во победата од 5-2 на гости кај Дармштад и го изврте глуждот. Англичанецот веднаш беше заменет во 82. минута, а наместо него во игра се појави Ерик-Максим Чупо-Мотинг.

– Тој ја удри гредата и малку го искриви глуждот. Веднаш му ставија мраз. Се уште нема дијагноза, треба да почекаме. Се надевам дека не е ништо лошо, изјави Тухел по мечот.

Самиот Кејн изјави дека имал малку болки кога го напуштил стадионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.