Израелскиот фудбалски тренер Алон Шамли (34) е убиен во напад во Египет кога полицаец пукал во израелски туристи.

Веста за неговата смрт ја соопшти Хапоел Тел Авив, клубот во чија Младинска школа работеше.

– Еден од тренерите на младинската школа Алон Шемали е убиен во терористички напад во Египет. Алон живеел во Бат Јам, бил наставник по физичко образование во училиштето Ришоним. Тој дојде во младинската школа на Хапоел пред година и пол, кога минатата сезона работеше како главен тренер на третата екипа, а оваа сезона работеше како асистент на првиот тим.Просветен работник, вистински спортист, скромен, имаше многу страст за фудбалот. Имаше одличен однос кон децата, го сакаа и фудбалерите и колегите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.