Српскиот фудбалер Душан Тадиќ го смета за неправедно елиминирањето на Ајакс од Лигата на шампионите. Капитенот на клубот од Амстердам зборуваше по реваншот од осминафиналето со Бенфика.
-Игравме подобро од противникот. Бенфика не создаде ништо освен еден слободен удар. Сакавме да доминираме и доминираме, но само еден момент го реши победникот. Ова не требаше да се случи. Секако дека сум лут затоа што загубивме, но мораме да останеме силни, изјави Тадиќ.
Ајакс синоќа во Амстердам загуби со 0:1 и по нерешените 2:2 во Лисабон, со вкупни 2:3 испадна од елитната фудбалска лига
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.