Шпанија и Англија од 21 часот ќе го играат финалето на Европското првенство на Олимпискиот стадион во Берлин. Репрезентациите предводени од селекторите Луис де ла Фуенте и Герет Саутгејт не загубија на турнирот. Шпанија во групата Б ги победи Хрватска, Италија и Албанија и во нокаут фазата ги исфрли Грузија, Германија и Франција, додека Англија ремизираше со Данска и Словенија во групата Ц, ја победи Србија и ги победи Словачка, Швајцарија и Холандија во плеј-офот.
Бројни експерти го пофалија настапот на Шпанците на турнирот и истакнаа дека Англичаните не пружиле доволно со оглед на квалитетот на играчите кои ги поседуваат. Наклонети кон тимот на Де ла Фуенте се и букмејкерите, па шансите се 2,60 за Шпанија, 3,60 за Англија и 3,00 за реми по 90 минути игра.
Ова е второ последователно еврофинале за Англичаните, откако пред три години беа поразени од Италијанците, а се уште сонуваат да го освојат своето второ големо натпреварување, односно првото по Светското првенство во 1966 година, кое го освоија на домашен терен. .
Шпанците имаат можност да го освојат четвртото евро, што би ги направило рекордери пред Германците, со кои моментално го делат рекордот по бројот на освоени европски првенства. Шпанија претходно победи на ова натпреварување во 1964, 2008 и 2012 година. На последното евро беше поразена во полуфиналето од Италија по изведување пенали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.