Луис Суарез погоди пенал во победата на Уругвај против Венецуела со 4:1 во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.
За напаѓачот на Атлетико Мадрид тоа беше 28. гол во едни мундијалски квалификации, со што се искачи на првото место во Јужна Америка пред Аргентинецот Лионел Меси, кој има 27 гола во квалификациските натпревари.
Воедно, Суарез се најде на делба на 4. место во светот со Иранецот Карим Багери, кој исто така има 28 гола.
Рекордот му припаѓа на Карлос Руиз од Гватемала, кој има 39 гола во квалификациите за СП. Во топ 3 се и Кристијано Роналдо (Португалија, 36 гола) и Али Даеи (Иран, 35).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.