Српскиот футсал тренер Владимир Јовановиќ доби отказ од естонскиот клуб Смсрах откако на социјалните мрежи му честиташе роденден на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Јовановиќ на социјалните мрежи објави фотографија од рускиот претседател со опис „Живеј долго имењаку. Срби и Руси браќа засекогаш“ што наиде на голем револт кај естонскиот тим.
Директорот на клубот Андреј Головин изјави дека Јовановиќ добил отказ поради „недолично однесување на социјалните мрежи“ и дека одлуката ја прифатил со разбирање, но Србинот има друг став.
„Го почитувам секого, но никој на планетата не може да ми говори како да размислувам. Тоа е вика слобода на говор, тоа е демократија. Жал ми е што го доживеав ова горко искуство“, порача Јовановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.