Најдобрите македонски фудбалери одиграа самно реми, 1-1 во Торшавн против Фарски острови на почетокот на новото издание во Лигата на нации. Катастрофално прво полувреме, привидна доминација во второто, по еден гол од пенал, и по неколку промашени зицери на двете страни е епилогот на дуелот во Торшавн.
Домашните поведоа во деветтата минута преку Едмундсон од белата точка.
Нашите тргнаа многу офанзивно во вториот дел и израмнија во 49. минута, кога Барди беше прецизен, исто така од белата точка.
Од тој момент ние бевме подобрата репрезентација на теренот, Чурлинов одново влезе во 100% прилика, но сега од непосредна близина неговиот удар го одбрани Рејнатрод. Со удар се закани и Миовски кој потоа во улога на асистент одлично го пронајде Ќамили, но фудбалерот на дански Сондерјиске шутираше лошо над голот.
Во продолжение на иницијативата на македонските фудбалери, двете страни имаа по неколку шанси, но резултатот не се менуваше.
За само три дена не очекува меч со многу посилната Ерменија во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.