Лучијано Спалети би можел да го напушти Наполи доколку Калиду Кулибали биде продаден.
Како што пренесува „Диарио Спорт“, главниот тренер на „наполитанците“ го известил раководството на клубот дека ќе поднесе оставка доколку дефанзивецот биде продаден.
Претходно беше објавено за интерес на Барселона, ПСЖ и Челзи за Сенегалецот.
Денес се појави информација дека Кулибали се согласил да му биде намалена платата само за да остане во клубот од Неапол.
Договорот на Кулибали со Наполи е до летото 2023 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.