Лучано Спалети нема по добро да го памети фудбалското селекторско деби на клупата на Италија. Во Скопје, Италија не успеа да ја победи Македонија, натпреварот заврши без победник 1-1, а стрелец на голот за „црвено-жолтите“ беше Енис Барди во 81.минута.

На прес конференцијата Спалети се пожали на теренот, кој навистина се наоѓа во катастрофална состојба.

Не знаевме во каква состојба е теренот. Македонија тука имаше предност. Не можевме да ја развиеме нашата игра. Секогаш како ренер сакам мојот тим да игра убаво. Не успеавме да ја раздовиме дефанзивната линија на противникот, Македонија играше со петмина во одбраната. Инаку сум задоволен како мојот тим изгледаше на теренот, рече Спалети.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.