Поранешниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети е главен кандидат за селекторската функција на италијанската репрезентација, пишува Николо Шира.

 

Според новинарот, раководството на Италијанската фудбалска федерација го смета Спалети за прв фаворит за оваа позиција. Страните можат да потпишат двегодишен договор, но за неговиот трансфер потребно е да се плати ослободителна клаузула на неговиот поранешен клуб Наполи во висина од 3,2 милиони евра. Федерацијата не сака да плати.

 

Вчера селекторското место на италијанската репрезентација го напушти Роберто Манчини, кој со репрезентацијата го освои Европското првенство во 2020 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.