Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети, ги кажа своите очекувања за натпреварот со Англија во квалификациите за Европското првенство 2024.
Италија синоќа во Бари ја победи Малта со 4:0.
– Важно беше да освоиме три бода без да ризикуваме и лесно да го добиеме натпреварот. Тимот добро се развива. Јасно е дека постои желба подобро да се запознаеме. Игравме добар фудбал. Натпреварот во вторник против Англија на „Вембли“ е еден од оние кои навистина можат да ни помогнат да разбереме какви се нашите шанси во иднина, изјави Спалети, за официјалниот сајт на УЕФА.
Репрезентацијата на Италија со 10 бодови е на второто место во групата Ц по 5 натпревари. Малта е последна без освоен бод по шест одиграни натпревари.
Во следниот натпревар избраниците на Лучијано Спалети ќе играат на гости против Англија, а Малта ќе и гостува на Украина. Двете средби ќе се одржат на 17 октомври.
Во оваа група македонската репрезентација има освоено седум бода од шест натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.