Фудбалерите на Партизан и Црвена звезда нема да го одиграат 171-то вечно дерби во предвидениот термин.

Натпреварот е закажан за среда на 27 септември од 19 часот во Хумска, но ќе биде одложен поради ситуацијата на Косово.

Се крена голема прашина околу изборот на судијата на овој меч, а Црвена звезда истакна дека во вторник на 26 септември во 12:00 часот ќе одлучат дали ќе излезат на терен доколку правдата ја дели Срѓан Јовановиќ.

Сепак, вистинската причина за одложување на вечното дерби е ситуацијата на Косово.Владата на Република Србија на вонредна седница го прогласи 27 септември 2023 година за Ден на жалост во целата земја и побара од сите организатори на јавни настани да ја прилагодат програмата на ситуацијата.

Претставниците на двата клуба беа во контакт со државните органи и беше донесена дефинитивна одлука за одложување на дербито, а новиот термин на натпреварот ќе биде објавен подоцна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.