Македонскиот шампион Струга Трим Лум го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Откако на првиот меч во главниот град на Словачка стружани беа поразени со 4:2 од Слован Братислава, тие доживеаја и денеска пораз на „Билјанини извори“ во Охрид со 1:2.

Гостите поведоа со голот на Вајс уште во 9. минута од натпреварот, додека Кире Ристевски во 34. минута го удвои водството откако си постигна автогол.

Во вториот дел Струга успеа да постигне само почесен погодок преку Компаоре во 85. минута.

Струга европските квалификации ги продолжува против Пјуник во Конференциската лига и на 24. јули ерменскиот тим ќе гостува во Охрид



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.