Холандскиот крилен напаѓач Џастин Клајверт (24) ја напушти Рома и кариерата ќе ја продолжи во редовите на англискиот фудбалски прволигаш Борнмут.
Англиските медиуми јавија дека Борнмут ќе плати обесштетување од 12.2 милиони долари за синот на поранешниот холандски репрезентативец Патрик Клајверт.
Клајверт од 2018 година беше член на Рома, но последните три сезони ги мина како позајмен фудбалер во Лајпциг, Ница и Валенсија.
„Џастин е интересен и сестран напаѓач кој има око за гол. Брз е, директен и може да се пофали со високо ниво на техничка подготвеност. Беше на радарот на бројни клубови и среќни сме што овој трансфер се реализираше“, изјави извршниот директор на Борнмут, Нејл Блејк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.