Манчестер сити го совлада Копенхаген (3:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Сити стана првиот клуб во историјата кој постигнал најмалку три гола на седум последователни натпревари во Лигата на шампионите.
Граѓаните во групната фаза ги совладаа Црвена ѕвезда двапати (3:1, 3:2), Лајпциг (3:1, 3:2) и Јанг Бојс (3:1, 3:0).
Букмејкерите го сметаат Манчестер сити за главен фаворит во Лигата на шампионите.
Воедно, „Граѓаните“ се прв англиски клуб кој успеал да победи на девет натпревари по ред (седум оваа и две минатата сезона) во Лигата на шампионите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.