Фудбалската репрезентација на Швајцарија е првиот четврт-финалист на Европското првенство (ЕП) во Германија, откако денеска во Берлин ја елиминираше фаворизираната Италија со 2-0.
Швајцарците поведоа преку Фројлер во 37. минута од средбата. Откако доби една топка, по грешка на одбраната на Италија, Фројлер ја смести топката во мрежата на Донарума.
Само што почна вториот дел, Варгас со прекрасен удар вторпат го совлада Донарума за 2-0. Италија се обиде да врати веднаш, ја погоди и стативата, меѓутоа и со двајца напаѓачи се уште актуелниот европски првак не успеа да постигне погодок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.