Денешното финале на ЕП во Германија носи соочување на Шпанија и Англија во битката за престижниот трофеј, а секој од фудбалерите кои ќе добијат шанса на теренот ќе се обиде да му помогне на својот тим да ја оствари целта.
Хезус Навас го дочекува финалето на 38-годишна возраст, а на прес-конференцијата на Шпанците го заменил Алваро Мората и најавил дека овој дуел ќе му биде и последен во националниот тим.
– Мората ме натера да зборувам на пресот, затоа што ова ќе ми биде последен натпревар во репрезентацијата.
– Да бидам овде после толку години е потврда дека сум ги правел работите исправно и би било фантастично за мене и целиот тим доколку ја завршам приказната со трофеј, кој дефинитивно го заслуживме.И на оваа возраст сум превозбуден поради моментот, поради можноста да и помогнам на својата земја. Но, одлуката за крај е веќе донесена, – рекол Навас кој одигра одлично во полуфиналето против Франција.
Шпанскиот ветеран дебитираше за националниот тим во 2009 година и има 56 настапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.