Новиот голман на Барселона, Војчех Шчесни, смета дека пушењето цигари не влијае на неговата игра.

Познат е фактот дека голманот на Барселона пуши за да се ослободи од стресот на кој секојдневно е подложен.

Во Арсенал беше тежок пушач, а во 2015 година дури и доби голема казна за пушење во соблекувалната.

-Има работи што не ги менувам во мојот личен живот и ничија работа не е дали пушам или не. Тоа не влијае на мојата игра и работам двојно понапорно на теренот. Исто така, не го правам тоа пред децата за да не им давам лош пример. Понекогаш некој ме слика скриен зад дрвјата каде што не можам да ги видам. Тоа не зависи од мене. Се трудам да го сокријам и да не го покажувам на другите. Но, ако некој мисли дека ќе ги променам моите навики во мојот личен живот, нека размисли уште еднаш, бидејќи јас сум тоа што сум. Цел живот сум вака и тоа не е ничија работа. Сакам да бидам ценет како голман, тоа е тоа, изјави голманот на Барселона, цитиран од весникот „Мундо Депортиво“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.