Бугарските медиуми со сензациолистичка вест дека легендарниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике се разделил од поп-ѕвездата Шакира поради девојка од Скопје.

Таинствената девојка која ја разделила двојката е наводно Драгана Спасовски, родена во Скопје, од татко Македонец и мајка Бугарка.

Во изјава за „Фокус“, Спасовски потврдува дека се познава со Пике, но не смее апсолутно ништо да коментира во врска со него…

Нормално дека се познаваме со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто кое не можам да го демантирам. Во Бугарија веќе се објавија и фотографиите… Но, за сите други детали, за сето она кое деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега. Апсолутно ништо во врска со него сега не смеам да изјавувам и да давам никаков коментар. Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила, ниту би демантирала во овој период, се надевам дека ме разбирате – вели моделот и блогерка Драгана Спасовска, која веќе подолг период живее и работи во Дубаи, во разговорот со „Фокус“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.