увентус започна сериозна офанзива за привлекување на крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо, објави „Скај Спортс“. Според информациите, „бјанконерите“ имаат сериозен интерес за Англичанецот и веќе водат преговори со Манчестер Јунајтед за евентуална зделка, а во меѓувреме со самиот играч разговараат за условите под кои би потпишал со тимот од Торино.
Се верува дека Санчо е резервна опција доколку пропадне договорот за Николас Гонзалес од Фиорентина. Досега се веруваше дека Аргентинецот е на чекор до преселба во Јуве, но последните индикации велат дека „виолетовите“ нема да го пуштат играчот кај „старата дама“ бидејќи не се задоволни од понудата од „црно-белите“. Клубот од Фиренца бара 40 милиони евра за својот играч, додека понудата на Јуве била за изнајмување и опција за откуп, а вкупната вредност на трансферот е околу 30 милиони евра.
Така, Јувентус повторно се насочи кон Санчо, кој беше поврзуван со преселба во Торино и на почетокот на летото. Гласините за ова подоцна стивнаа откако играчот се смири со менаџерот Ерик тен Хаг и беше вратен во тимот на Манчестер Јунајтед. Пред тоа, минатата сезона ја мина на позајмица во Борусија Дортмунд, каде остави доста добар впечаток, а можеби токму тоа го убеди холандскиот стручњак да му даде уште една шанса на „Олд Трафорд“.
Сепак, евентуален трансфер на Санчо се уште не е отфрлен со доволно добра понуда. Во оваа фаза, се верува дека Јуве сака да го земе играчот на позајмица до следното лето, со опција за купување во договорот. Вкупната вредност на трансферот ќе изнесува околу 47 милиони евра, што би требало да ги задоволи „црвените ѓаволи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.