Голманот на германската фудбалска репрезентација Мануел Нојер изјави дека неговиот тим е подготвен конечно да го освои Европското првенство кое во моментов се одржува во неговата земја.

Германија ќе игра против репрезентацијата на Шпанија, која остави можеби најдобар впечаток на овој турнир.

Сепак, германските медиуми потсетуваат дека нивната репрезентација никогаш не испаднала кога успеала да стигне до осминафиналето во едно натпреварување.

-Долго време сме зрели за титулата европски првак. Се чувствувам добро и едвај го чекам секој следен натпревар, изјави Нојер на новинарите во кампот на репрезентацијата во Херцогенаурах.

Натпреварот меѓу Германија и Шпанија почнува од 18.00 часот во Штутгарт



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.