Францускиот фудбалер Пол Погба е позитивен и на вториот допинг тест извршен годинава.
Италијанската агенција АНСА, пред еден месец објави дека Погба (30), бил позитивен на тестостерон по стандардниот допинг тест кој го направи по мечот со Удинезе во август. Тогаш, Јувентус, на „Дачија Арена“ го победи Удинезе со 3:0. Погба натпреварот го гледаше од клупата за резерви, но по мечот беше повикан на допинг контрола.
Според италијанските медиуми, фудбалерот на Јувентус бил позитивен и на резултатите од вториот тест, објавени деновиве.
По ваквиот исход на тестот, Погба ќе биде суспнедиран, а одлуката за должината на суспензијата допрва ќе биде донесена. Италијанските медиуми веќе шпекулираат дека би можело да стане збор за суспензија од четири години, а евентуалната таква казна веројатно би значела и крај на кариерата на францускиот фудбалер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.