Ботафого потпиша договор со бразилскиот крилен напаѓач Луиз Енрике од шпански Реал Бетис за износ кој е бразилски рекорд во фудбалските трансфери.

Ботафого соопшти дека договорот претставува најголемо обесштетување за трансфер кој кога и да е го платил клуб од Бразил, без да ги прецизира финансиските детали.

Сепак, шпанските медиуми јавија синоќа дека клубот од бразилската Серија А му платил на Бетис обесштетување од 20 милиони евра за услугите на 23-годишниот Енрике.

Енрике потпиша договор со Ботафого до крајот на 2028 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.