Вест Хем постигна договор за ангажирање на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, објави „The Athletic“.

„Чеканите“ за 30-годишниот играч ќе платат 30 милиони фунти (34,8 милиони евра). Се очекува личните услови на договорот да бидат лесно договорени меѓу страните.

Мегваер е во Манчестер јунајтед од 2019 година и е под договор до летото 2025 година. Дефанзивецот минатата сезона одигра 31 натпревар за Јунајтед без да постигне гол. Во текот на летото Мегваер ја загуби капитенската позиција во клубот.

Порталот „ Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 20 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.