Саудискиот фудбалски прволигаш Ал Хилал ја разгледува можноста предвреме да го раскине договорот со бразилскиот напаѓач Нејмар, соопшти каналот Action Ma Waleed, кој ги има правата за пренос на натпревари од првенството на Саудиска Арабија.

Според истиот извор, клубот би можел да се раздели со бразилскиот фудбалер во јануари 2025 година.
Триесетидвегодишниот Бразилец речиси една година паузираше поради тешка повреда, а повторно се повреди веќе на вториот натпревар по враќањето на терените.

Нејмар во понеделникот настапи во азиската Лига на шампиони против Естеглал, влегувајќи како замена во 58. минута, но го напушти теренот по 30 минути поради истегнување на тетивата.

Бразилскиот напаѓач дојде во Ал Хилал минатото лето и оттогаш одигра само седум натпревари за саудискиот тим.
Нејмар има договор со Ал Хилал до лето 2025 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.