Селекторот на Англија Герет Саутгејт се надева на добра игра денеска против Македонија и завршување на квалификациите со победа.
Ќе играме пред полн стадион, атмосферата е добра и очекуваме добар меч. Рашворд е фит и имаме добра конкуренција. Сега го спремаме тимот за ЕП, рече селекторот.
Играчот на Арсенал Декланр Рајс во однос на ВАР одлуките некогаш се во нивна корист а некогаш не.
Ќе се обидеме да го подигнеме нивото на играта. Треба да го извлечеме најдоброто од себе и да не мислиме на ништо друго-вели играчот на Арсенал.
„Трипие не е со нас и мора да бараме алтернатива за левата бековска позиција од постоечките фудбалери. Имаме неколку решенија. Ќе имаме промена во тактиката и од тоа ќе зависи кои играчи ќе го почнат натпреварот утре. Во петокот со Малта бевме на ниво, победивме. Го гледав противникот на дуелот со Италија, тие се ранети по дуелот во Манчестер, ќе има полн стадион и очекувам добар натпревар“.
Околу повредите и ситуацијата со Маркус Рашворд!?
„Рашворд е добро, тој… но сакам дека имаме и други играчи. Сега го склопуваме тимот на ЕП и сите треба да знаат дека имаат конкуренција“.
Кој е фокусот на Англија за утрешниот меч
„На дуелот со Малта не бевме на потребното ниво. Да се вратиме на она ниво од претходно и да стигнеме до посакуваната цел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.