Селекторот на Англија, Герет Саутгејт е незадоволен од протекувањето на информации за тактиката на репрезентацијата до англиските медиуми.
– Се обидуваме да победиме на Евро 2024, а нашите медиуми откриваат тактички информации само два часа по завршување на тренингот. Тие велат дека ги добиле информациите внатре од кај и можеби тоа е вистина, но како тоа му помага на тимот? Како му помагаме на тимот со тоа што им дадовме инфо на Швајцарците, кои можеби очекуваа да играме поинаку. Тие имаа три дена да се подготват за она што можеби ќе го игравме, изјави Саутгејт за „TalkSPORT“.
Селекцијата на Англија избори пласман во полуфиналето на Евро 2024 откако ја совлада Швајцарија (1:1, пенали 5:3).
Англија никогаш не играла финале на евро или Светско првенство надвор од својата земја.
Тимот на Саутгејт во полуфиналето ќе игра со Холандија. Средбата ќе се одржи на 10 јули со почеток во 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.