Легендарниот босански фудбалер Хасан Салихамиџиќ се потсети на детството во деведесеттите години од минатиот век кога веќе се насетувала граѓанската војна во неговата држава.
Роден сум во Мостар, каде е познатиот мост. Имав безгрижно детство, татко ми беше полицаец, мајка ми учителка, сакав да бидам фудбалер. Југославија беше функционална земја, добро ни беше, Имав едноставен и среќен живот.Фудбалот почнав да се занимавам на осум години, татко ми беше мојот прв тренер, играше во втора лига.Играв за јуниорските тимови на Југославија и по натпреварот морав да си одам дома, но немаше летови од Белград за Сараево Се враќав со автомобил и сфатив дека ситуацијата е сериозна.
На лице место ја насетувал војната.
Имаше воена линија на околу 10 километри од мојата куќа, по два месеци дојде татко ми и рече „имаме калашников во куќата и пиштоли, земете ги и пребарајте два дела од улицата“, ми рече да ја земам мајка ми. а сестрата да се обиде да побегне.Кога имаш калашников под креветот на 15 години тоа не е нормално.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.